Компјутерско глувче
Компјутерското „глувче“ (од англ. mouse — „глушец“) е еден од најкорисните и најкористените периферни делови на компјутерот. Спаѓа во т.н. влезни уреди. Постојат 3 типови на посредници за поврзување на глушецот со компјутерот, и тоа: сериски (за постари компјутери), PS/2 и USB интерфејс. Сензорот за детекција на движењето на глушецот (раката на корисникот) може да биде: обичен, со топче или оптички. Со создавањето на напредните оперативни системи и зачетоците на графички опкружувања се јави неопходна потреба за проек-тирање и изработка на периферен влезен уред заради лесна навигација во овие графички средини. Првиот примерок на глувче е произведен од компанијата Microsoft заради потребите на тогашниот прв графички оперативен систем IBM-OS2 ( IBM е фирмата а OS2 е оперативен систем). Смислата на овој периферен уред и негово значење се добива во почетокот на 80-те години со настанокот на графичкиот операти-вен систем Windows 3.1 Овој периферен влезен уред спрема начинот на поврзување го делиме на :
- DIN 9 PIN-Сериски конектор
- PS2-Приклучок
- USB-Приклучок
Според функционалноста можеме да ги наведеме следниве типови на глувчиња:
- глувче со 2 копчиња
- глувче со 3 копчиња
- глувче со 4 копчиња
- глувче со 5 копчиња
- глувче со вграден лизгач
- комбинирано глувче (со повеќе копчиња и лизгачи)
![]() |
Денес ги сретнуваме овој тип на безжични глувци (wireless mouse) кој користат два типа на примопредаватели:
- Примопредавател по пат на светлина
- Примопредавател по пат на звук
Постојат комбинирани глувци од сето горе наведено.
- Глувче со 3 копчиња и оптички читач.
- Безжично глувче со 3 копчиња и стандарна изведба.
- Безжично глувче со 5 копчиња.
- За користење на сите наведени глувци потребно е да имаме и пад-основа или подлога за глувче.
Comments
Post a Comment