Видови Компјутери
Според големината и можностите, компјутерите се делат на: супер компјутери, големи (mainframe) компјутери, миникомпјутери и микрокомпјутери (персонални компјутери).
- Ги имаат владите на некои држави во светот и се користат на пример за вселенски истражувања или за предвидување на временски промени (научни симулации) и др.
Големите компјутерите (Main frame computers) се исто така големи и моќни компјутери кои служат за обработка на масовни податоци
- Се користат во големи банки, осигурителни компании и сл.
- Големите компјутери се најчесто сервери т.е. опслужуваат голем број корисници
- Можат да подржат 4-200 корисници во исто време
- Се користат на пр. на аеродромите за регулација на воздушен сообраќај, или во фабриките каде има автоматско производство и сл.
Микрокомпјутерите или персонални комјутери PC се мали компјутери наменети за работа на еден корисник.
- Имаат само еден процесор за обработка на податоците
- Се користат во домовите, училиштата и др.
Според можностите компјутерите можат да бидат сервери(servers) или корисници (users).
- Сервери се компјутери кои им обезбедуваат на повеќе комјутери-корисници работа со заедничкиподатоци, уреди, Интернет услуги и др.
- Корисници (users) се компјутери за работа на еден корисник.
Comments
Post a Comment