Компјутерски мрежи
Нови поими: компјутерска мрежа, сервер, клиент, локална мрежа (LAN), глобална мрежа (WAN), делење ресурси (Sharing)
Компјутерски мрежи се множество меѓусебно поврзани компјутери.
- Компјутерите во компјутерските мрежи може:
-меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди, како печатар, скенер и др.,
-да си разменуваат програми и фајлови и слично. - Според тоа колку се оддалечени еден од друг компјутерите што се поврзани во мрежата, постојат:

Глобални мрежи (WAN wide area network) кои поврзуваат компјутери што се наоѓаат на меѓусебно големо географско растојание. (пр. во една држава, во различни држави или континенти)



Рутерот е уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со други мрежи (на пример, други локални мрежи или Интернет).
- За поврзување во WAN мрежа се користат сателитите, телефонски линии, трансокеанските кабли и слично.
- Компјутерите во компјутерските мрежи може да бидат: сервери или клиенти.
- Сервери се компјутери-опслужувачи и на нив се собираат податоците и се доставуваат до другите компјутери во мрежата, кои ги нарекуваме клиенти.
- На серверот се приклучени и уреди, како, на пример, печатачот или скенерот, до кои имаат пристап и клиентите.
- Клиентите можат да разменуваат податоци меѓу себе, но и таа размена оди преку серверот.
Comments
Post a Comment