Декларацијата (компјутерска наука)
Во компјутерската наука, декларацијата специфицира идентификатор, тип и други аспекти од елементите на јазикот како променливи и функции. Се користи за да му соопшти на компајлерот за постоењето на елементите и ова е многу важно во многу јазици (како C) кои бараат променливите да бидат декларирани пред да се употребуваат.
Во фамилијата на BCPL програмски јазици, какви што се и C++ и Java, можат да се специфицираат димензиите на променливата за да се декларира скалар, низа или матрица. Во оваа област, декларацијата (која го соопштува постоењето и содржините на елементот) и дефиницијата (која ја овозможува имплементацијата) можат да бидат независни една од друга. Декларациите се направени во хедер (header) податотеките, кои се наменети да бидат вклучени во другите податотеки кои ги повикуваат и користат овие декларации, но немаат пристап до дефиницијата. Ако типот на дефиницијата не се совпаѓа со типот на декларацијата за истиот елемент, тогаш компајлерот генерира грешка.
За променливите, дефинициите содржат вредности во област од меморијата која била резервирана за време на фазата на декларација. Кај функциите, дефинициите се застапени во нивното тело. Променливата или функцијата може да биде декларирана повеќе пати, но само еднаш е дефинирана. Динамичките јазици како Javascript и Python овозможуваат редефинирање на функциите.
Декларацијата е често користена за да се овозможи пристап до функции и променливи дефинирани во други изворни податотеки или библиотеки.
Еве некои примери на декларации кои не се дефиниции во програмскиот јазик C:
extern char example1;
extern int example2;
void example3(void);
|
Еве некои примери на дефиниции во C:
char example1;
int example2 = 5;
void example3(void)
{
int x = 7;
}
|
Супер;)
ReplyDelete:)
ReplyDelete