Историјата на Компјутерите
Прва генерација компјутери
За прв електронски компјутер се смета ENIAC. ENIAC имал вградени 18 000 електронски ламби, зафаќал простор од 150 м квадратни, тежел 30 тони, постојано работел-не се исклучувал и се расипувал на секои 7 минути и имал посебни уреди за ладење, поради преголемото загревање. На следниот линк погледни го видеото за ENIAC.
- Компјутерите од првата генерација за обработка на податоци користеле електронски лампи.
- Тие биле огромни, зафаќале цели катови и трошеле многу електрична енергија, работеле бавно и помнеле малку податоци.
Втора генерација
- Компјутерите од втората генерација користеле транзистори
- станале помали, поевтини, помалку се загревале и трошеле помалку енергија
- имале поголема меморија и работеле и до дестпати побрзо.
- имале меморија слична на денешната, магнетен диск и печатач.
- започнал и развојот на програмските јазици.
Трета генерација
- биле многу помали и побрзи од компјутерите од првата и од втората генерација.
- користеле монитор и тастатура
- за прв пат се појавил оперативен систем − програма што управувала со компјутерот
Четврта генерација
- Во нив е вграден нов елемент − микрочип.
- Микрочипот е парче силициум на кое се спакувани милиони транзистори и други електронски елементи и може да извршуваат неколку милиони операции во секунда.
- Компјутерите во кои се вградени микрочиповите ги нарекуваме микро-компјутери т.е персонални компјутери.
- Бил направен од Стив Џобс и Стив Вознијак и се викал Apple I (Ејпл 1).
Денес се развиваат и користат и компјутери од т.н. Петта генерација компјутери, кои имаат способност за паралелна работа. Исто така, се развива и Шеста генерација компјутери т.н. невронски комијутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок и се очекува ова да биде идна генерација на компјутери.
Comments
Post a Comment